ЗатвориПолитика за „колачиња“ и приватност

Оваа веб-страна користи „колачиња“. За да дознаете повеќе, кликнете тука. За да ја отстраните оваа порака и да се согласите со користењето на „колачињата“ кликнете „Х“.

Најчесто поставувани прашања

    Не можевме да најдеме совпаѓање со вашето барање, Ве молиме обидете се повторно.

    Перални

    Фрижидери

    Машини за садови

    Кујнски апарати

    Прикажани се

    " Fresh Smell "

    поврзани прашања.

    Отстрани пребарување
    • Како да го исчистам филтерот на машината за перење?

      "Филтерот во машината е наменет да ги собира малите предмети, како копчиња и монети, и да ги спречи да влезат во одводното црево. Се препорачува да го проверувате филтерот на секои 3-4 месеци за да се осигурате дека работи правилно и за да избегнете оштетување на машината. Пред да почнете со чистење, осигурајте се дека во близина имате сад за вишокот вода и навлажнета крпа за чистење.
      Чистење на филтерот: на предниот долен дел од машината ќе забележите мал капак. Тука се поставени филтерот и одводното црево. Отворете го капакот за да пристапите до цревото и филтерот. Извадете го одводното црево и поставете празен сад под него. Извадете го капачето на крајот од одводното црево и осавете ја водата да истече во садот. Следно, извадете го филтерот со вртење во насока обратна на стрелките на часовникот. Измијте го филтерот со млака вода од чешма. Проверете го местото зад филтерот бидејќи може да се наталожи прав и да предизвика блокирање. Избришете со мека и навлажнета крпа. Вратете ги филтерот и капачето на одводното црево, вратете го одводното црево на место и затвпрете го капакот. "

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да спречам појава на непријатни мириси во машината за перење?

      Многу добро знаеме дека лошите мириси се непријатно изненадување. Ваквите мириси може да се појават поради нечистории или остатоци од детергент и омекнувач, што може да доведе до ширење на бактерии и појава на мувла во машината. Најдобар начин да го избегнете ова е редовно да ја чистите вашата машина.
      Редовно чистење: не е невообичаено со тек на време во машината да се наталожат нечистотии. Остатоците од детергент и омекнувач се уште една причина за непријатни мириси што се должи на ниска температура при перење, бидејќи на овие средства им треба поголема топлина за целосно да се разложат. Избегнувајте постојано да ја пуштате машината со програми со ниска температура. Првото место каде треба да проврите дали има остатоци или мувла се гумите околу вратата, садот за детергент и филтерот. Редовното чистење на овие делови ќе спречи појава на непријатни мириси и ќе ги одржи врвните перформанси на машината.
      Влага во внатрешноста на машината: непријатните мириси може да се појават доколку влажниот воздух што се добива по перењето остане во машината. За да го избегнете ова, не ги оставајте влажните алишта да стојат во машината предолго и оставете ја вратата на машината отворена по перењето за влажниот воздух да може да излезе.
      Самочистечка програма: многу од Beko машините за перење алишта се опремени со самочистечка програма. Се препорачува да ја вклучувате оваа програма еднаш или два пати месечно, во зависност од тоа колку често ја користите машината. Ако вашата машина нема ваква програма, едноставно еднаш месечно пуштете програма на висока температура, без детергент, омекнувач или алишта за да го добиете истиот ефект.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Алиштата имаат остатоци од детергент по перењето. Што може да биде причината за овој проблем и како да го решам?

      Фрустрирачки е да чекате со часови машината да ги испере алиштата за на крај да забележите дека на алиштата има остатоци од детергент. Остатоците од детергент се должат на нецелосното растворање на детергентот за време на перењето. Подолу следуваат неколку можни причини за овој проблем.
      Преполнување: машините за перење алишта имаат различни капацитети. Но, различните програми може да бараат помала количина детергент со помало полнење. Ве молиме погледнете го упатството за употреба за да се запознаете со програмите на машината и различните капацитети. Ако наведениот капацитет се надмине, детергентот може да се наталожи меѓу наборите на алиштата и да не се растопи целосно.
      Притисок на водата: уште една причина за остатоци од детергент може да биде недоволен притисок на водата што спречува целосно испуштање на детергентот во барабанот. Преостанатиот детергент може да се испушти во машината за време на плакнењето, кога машината го испушта омекнувачот.
      Количина на детергентот: садот за детергент има три прегради, од кои две се наменети за детергент, а една за омекнувач. Една од двете прегради за детергент е наменета за пред перење, а другата за главното перење. Ако ставате детергент во двете прегради, но изберете програма што нема пред перење, машината ќе искористи само половина од детергентот. Другата половина од детергентот може да се испушти во машината заедно со омекнувачот за време на плакнењето. Детергентот нема целосно да се растопи и може да предизвика дамки на алиштата. За да избегнете дамки, не ја преполнувајте машината и осигурајте се дека користите правилна количина детергент. Ако овие мерки не ви помогнат, проверете го притисокот на водата.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да ја исчистам машината за перење?

      Многумина можеби ќе се изненадат, но машината што е наменета за чистење на алиштата треба да се исчисти. Редовното чистење на машината ќе го зголеми работниот век и ќе ги подобри перформансите. Со тек на време во внатрешноста на машината се таложат детергент, омекнувач и нечистотии. Валканата машина за перење е неефикасна и станува погодно место за ширење бактерии.
      Делови што треба редовно да се чисрар: со само неколку едноставни процедури, машината за перење ќе биде чиста и во топ форма. Прво нешто што треба да направите е да ги проверите гумите на вратите и садот за детергент. Нека ви стане навика да ги чистите овие делови редовно за да избегнете појава на мувла или ширење бактерии во машината. За потемелно чистење, проверувајте и чистете го филтерот еднаш на неколку месеци (во зависност од тоа колку често ја користите машината).
      Самочистечка програма: голем дел од Beko машините за перење се опремени со самочистечки програми. Температурите за перење на алиштата обично не се со доволно висока температура за да ги уништат сите бактерии. Оваа програма ја зголемува температурата на водата до 70 степени и автоматски ги чисти барабанот и внатрешноста. Се препорачува да ја вклучувате оваа програма еднаш месечно, во зависност од тоа колку често ја користите машината. Ако вашата машина нема ваква програма, едноставно еднаш месечно пуштете програма на висока температура, без детергент, омекнувач или алишта за да го добиете истиот ефект.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Дали можам да ја промена насоката на отворање на вратата на мојата машина?

      Beko машините за перење немаат ваква опција, но кај многу од Beko машините за сушење насоката на вратата може да се промени. Ве молиме проверете го упатството за употреба за да видите дали моделот што го користите има ваква опција. За да ја промените насоката на отворање на вратата на машината за сушење, следете ги инструкциите во упатството за употреба.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да ги исчистам филтрите на машината за сушење алишта?

      Вашата машина за алишта има филтри во внатрешноста на вратата. Овие филтри ги собираат остатоците од ткаенините и треба да се чистат по секое сушење. Ако редовно не ги чистите филтрите, перформансите на машината за сушење ќе се намалат, а потрошувачката на струја ќе се зголеми, бидејќи на машината ќе и треба повеќе време за да ги исуши алиштата. Валканите филтри може да предизвикаат алиштата да останат влажни, а непотребното оптоварување на машината може да предизвика посериозни диолгорочни проблеми.
      Чистење на филтрите: за да ги исчистите филтрите на машината за сушење, најпрво извадете ги од своите лежишта од внатрешноста на вратата. Избришете ги филтрите со крпа или рачно извадете ги насобраните остатоци. Потоа, исплакнете ги филтрите со млака вода. Осигурате се дека ќе ги исчистите двете страни на филтерот. Следно, исушете ги филтрите со крпа или оставете ги да се исушат сами неколку минути. Пред да ги вратите филтрите на место, избришете го и лежиштето на филтрите, бидејќи остатоците може да се наталожат и во овој дел. Ако има поголема количина остатоци во овој дел, може да користите правосмукалка за да ги отстраните.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Машината за перење се тресе силно за време на центрифугата. Што може да биде причина за проблемот и како да го решам?

      Тресењето на машината може да биде застрашувачко. Вибрациите или движењата може да ја оштетат машината и да влијаат на нејзините перформанси. За среќа овие проблеми може лесно да се решат, доколку не се предизвикани од некој посериозен проблем во самата машина.
      Нееднакво полнење: вибрациите или движењата може да се предизвикаат од повеќе фактори. Првиот и најлесниот за решавање е нееднаквото полнење на алиштата. Ако алиштата се стуткани само на една страна од барабанот, центрифугалната сила што се создава од големата брзина може да предизвика вибрации. Ова важи и за полнењата со малку алишта. Ако ставите релативно тежок предмет, како голема крпа или ќебе, сам во барабанот, полнењето ќе се премести само на една страна од барабанот и ќе предизвика вибрации. За да ги избегнете ова, поставувајте најмалку две работи со слична тежина за да може да се создаде баланс за време на центрифугата.
      Небалансирана машина: уште една можна причина е небалансираноста на машината, односно машината не е целосно нивелирана со подот. Подот може да е нерамен или може да има проблем при прилагодувањето на ногарките на машината. Може да проверите со користење либела, а потоа да ги направите потребните прилагодувања.
      Електронска контрола за небалансирано полнење: голем дел од Beko машините за перење се опремени со електронска контрола за небалансирано полнење што овозможува еднаква распределба на алиштата во барабанот, намалување на вибрациите и бучавата и оптимална ефикасност на центрифугата.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Машината за перење се движи за време на перењето. Што може да биде приина за проблемот и како да го решам?

      Тресењето на машината може да биде застрашувачко. Вибрациите или движењата може да ја оштетат машината и да влијаат на нејзините перформанси. За среќа овие проблеми може лесно да се решат, доколку не се предизвикани од некој посериозен проблем во самата машина.
      Пред првото користење: ако се работи за првото користење по инсталацијата на машината, осигурајте се дека транспортните шрафови и стиропотоѕ под машината се извадени. Под машината ќе забележите лента што треба да се повлече за да се извади стиропорот.
      Нееднакво полнење: уште една причина за придвижувањето на машината може да биде нееднаквото распределување на полнењето. Кога алиштата се стуткани на една страна од барабанот, додека на другата страна се поставени лабаво, цнетрифугалната сила што се создава од големата брзина може да предизвика вибрации, што пак може да ја придвижат машината.
      Електронска контрола за небалансирано полнење: голем дел од Beko машините за перење се опремени со електронска контрола за небалансирано полнење што овозможува еднаква распределба на алиштата во барабанот, намалување на вибрациите и бучавата и оптимална ефикасност на центрифугата.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Дали е во ред ако ја чувам машината за перење и/или сушење во гаража?

      Може да ја поставите машината за перење на кое било место што има исправен водоводен систем. Како и да е, на машината и е потребен добро проветрен простор каде нема прав и нечистотии, па затоа не се препорачува да ја чувате машината во гаража.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како можам да го продолжам работниот век на машината за перење алишта?

      Првиот и најважниот чекор за одржување на уредот во добра состојба е да го користите соодветно. За да го продолжите работниот век на уредите, прочитајте го упатството за употреба пред да почнете да ги користите.
      Преполнување: кога се работи за машини за перење алишта, најдоброто нешто што може да го направите е да не ја преполнувате машината со алишта. Алиштата треба слободно да се движат во машината за време на перењето. Преполнетата машина дополнително ги оптоварува моторот и подвижните делови.
      Чистење: исто така многу важно е да ја одржувате машината чиста. На некои делови од машината може да се наталожат нечистории или остатоци од детергент, што пак може да го блокираат протокот на вода или да ги оштетат деловите на машината. Редовно проверувајте ги гумите на вратата, садот за детергент, филтрите и одводното црево за можни несакани остатоци.
      Одржување: секогаш е подобро да ги решите проблемите со уредот пред да се влошат уште повеќе. Редовно провeрувајте го уредот и веднаш поправете ги малите проблеми пред да се претворат во поголеми проблеми што ќе доведат и до поголеми трошоци.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како можам да го продолжам работниот век на машината за сушење алишта?

      Првиот и најважниот фактор за одржување на уредот во добра состојба е да го користите соодветно. За да го продолжите работниот век на уредите, прочитајте го упатството за употреба пред да почнете да ги користите.
      Преполнување: како и кај машините за перење алишта, најдоброто нешто што може да го направите за вашата машина за сушење е да не ја преполнувате со алишта. Алиштата треба слободно да се движат во машината за време на сушењето. Преполнетата машина дополнително ги оптоварува моторот и подвижните делови.
      Чистење и вентилација: исто така многу важно е да ја одржувате машината чиста и да се осигурате дека е добро проветрена. Внимавајте да не дојде до прегревање на машината, бидејќи може да значи дека има проблем со протокот на воздух. Нема потреба да се каже дка топлината е штетна за машината и може да предизвика ризик од пожар. Исто така, осигурајте се дека филтрите редовно се чистат и проверуваат.
      Одржување: секогаш е подобро да ги решите проблемите со уредот пред да се влошат уште повеќе. Редовно проврувајте го уредот и веднаш поправете ги малите проблеми пред да се претворат во поголеми проблеми што ќе доведат и до поголеми трошоци.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Што претставува перење со пареа и какви се придобивките од ваквото перење?

      Прењето со пареа е брзо решение, што ги намалува наборите и потрошувачката на струја, за алишта на кои не им е потребно целосно перење. Топлината и фрикцијата што вашите алишта ја издржуваат за време на перењето го скратува нивниот век на траење. Не сите алишта имаат потреба од целосно перење откако биле носени еднаш или два пати. Некои од алиштата може да не се валкани, туку да имаат само лош мирис од цигари или готвење. Во овој случај може да ги заштитите алиштата и да ја заштедите струјата што би се потрошила со целосното перење со новата програма за перење со пареа. Уште една од придобивките е што добивате чисти алишта за само 15 минути, во споредба со времето што инаку би го потрошиле за целосно перење.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Кој е ефектот на центрифугата? Каква разлика прават различните брзини?

      Вашата Beko машина за перење овозможува различни брзина на центрифугата што може да ја подесите во зависност од типот на алишта за перење. Генерално, повисоката брзина на центрифугата значи поголема истискување на водата од алиштата, што пак овозможува помалку време и струја за сушење.
      Бирање брзина на центрифугата: ако алиштата се воглавно од памучни или природни материјали, може да изберете повисока брзина, бидејќи ваквите ткаенини задржуваат повеќе вода. Од друга страна, синтетиката и мешаните ткаенини задржуваат помалку вода и затоа ќе се исперат убаво и со помала брзина на центрифугата. На деликатните алишта, како тие со чипка и везови, им е потребна помала брзина, бидејќи се понежни. Помалата брзина на центрифугата ги намалува наборите на алиштата, но алиштата испрани со помала брзина подолго се сушат.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Какви типови алишта може да се перат на пониска температура? И обратно, какви типови алишта не треба да се перат на ниска температура?

      Повеќето од корисниците преферираат пониски температури за перење бидејќи ја намалуваат потрошувачката на струја, но различни типови алишта бараат различна температура. Температурата што ќе ја изберете при перењето влијае директно на векот на траење на алиштата.
      Бирање температура за перење: најдобар начин да ја одредите соодветната температура е да ги проверите етикетите на алиштата. На етикетите е означена максималната температура на која што може да се перат алиштата. Но, ова не значи дека не смеете да ги перете на пониска температура. Топлата вода може да ги смали или да ги избледи ткаенините. Пониската температура е посодоветна за деликатни алишта од волна, свила или чипка, светли или темно обоени ткаенини, фармерки и малку валкани алишта. На долната облека, постелнината, пешкирите и многу валканите алишта, пак, им е потребно повисока температура за да се добие ефективно чистење.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Дали е во ред да се перат шарени и бели алишта заедно?

      Не е добра идеја да ги перете белите и шарените алишта заедно. Темните и јаките бои може трајно да ги исфарбаат белите алишта, дури и кога се перат со ладна вода. Делењето на алиштата на бели, светли и темни и користењето соодветен детергент и содоветна температура ќе помогне да се задржат боите на алиштата и да се продолжи нивниот век на траење. Ако три различни купови алишта изгледаат како преголема работа, може да ги перете белите алишта и алиштата со светли бои заедно.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како можам да го продолжам векот на траење на шарените алишта?

      Етикети: клучот за продолжување на векот на траење на алиштата е следењето на упатствата на етикетите. Кога се работи за шарени или темни алишта, осигурајте се дека користите соодветен тип на детергент и избегнувајте бирање превисока температура, бидејќи топлата вода може да предизвика прерано избледување на боите.
      Брзина на центрифуга: брзината на центрифугата е уште еден фактор што треба да го имате предвид. Побавните брзини се понежни со алиштата и создаваат помалку набори. Ако шарените алишта не се многу валкани, може да изберете помала брзина за да ги заштитите.
      Тип на детергент: уште еден битен фактор за заштита на алиштата е типот на детергент што го користите. Изберете течни и/или деликатни детергенти, бидејќи се помалку агресивни со алиштата.
      Пред да ги ставите алиштата во машина: покрај бирањето правилна програма и температура, има и други мерки што може да ги преземете за да г продолжите векот на траење на алиштата. Со превртување на темните и светло обоените алишта наопаку пред перењето ќе го спречите избледувањето на боите. Со закопчување на патентите и копчињата пред перењето ќе ги заштитие алиштата од фрикција и ќе го продолжите нивниот век на траење.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каде може да го најдам сериоскиот број на машината за перење алишта?

      Секоја Beko машина за перење алишта има уникатен сериски број, што се наоѓа на внатрешната страна од вратата.


      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каде може да го најдам сериоскиот број на машината за сушење алишта?

      Секоја Beko машина за сушење алишта има уникатен сериски број, што се наоѓа на внатрешната страна од вратата.


      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Колку често треба да го менувам филтерот за вода во мојот фрижидер?

      Како и кај филтрите во другите уреди, и филтерот за вода во вашиот фрижидер треба да се промени по одреден период. Редовното менување на филтерот е многу важно не само за вашето здравје, туку и за правилното работење на вашиот фрижидер. Истрошениот филтер за вода нема да може ефективно да ги филтрира бактериите и другите нечистотии, што ќе доведе до нивно навлегување во водата што фрижидерот ја користи за садот за вода и за правење коцки мраз.
      Се препорачува да го менувате филтерот за вода на секои 6 месеци, иако ова зависи од тоа колку често ги користите коцките мраз и садот за вода. За стандардни корисници, периодот од 6 месеци е сосема доволен. Ако почесто го користите садот за вода или ако забележите намалување на протокоѕ на вода, намалување во капацитетот на правење коцки мраз или непријатен вкус или мирис на водата, тоа е знак дека филтерот за вода треба веднаш да се промени. Повеќето од фрижидерите на Beko се опремени со показател за филтерот, што свети кога филтерот за вода треба да се промени.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да го исчистам мојот фрижидер?

      На вашиот фрижидер му е потребно редовно чистење, повеќе од другите уреди во домот. Валканиот фрижидер може да доведе до појава на бактерии, микроби и мувла, што ќе влијае на перформансите и хигиената.
      Пред чистењето: осигурајте се дека фрижидерот е исклучен од струја пред да почнете со чистењето за да избегнете непотребно трошење струја за време на овој процес. Извадете ја содржината од фрижидерот и извадете ги полиците, фиоките и останатите отстранливи делови. Користете неабразивни детергенти без мирис за внатрешноста и за отстранливите делови на фрижидерот, бидејќи храната може да го апсорбира мирисот од детергентот.
      Чистење на отстранливите делови: измијте ги отстранливите делови на фрижидерот со вода. Осигурајте се дека овие делови се на собна температура пред да ги измиете, бидејќи наглата промена на температурата на површината, може да ги оштети, напукне или скрши стаклените и пластичните површини на деловите на фрижидерот. Измијте го садот за вода на фрижидерот, доколку има. Може да пристапите до садот за вода со вадење на предната полица на садот. Извадете го садот од лежиштето и измијте го со вода.
      Чистење на внатрешноста: целосно исчистете ја внатрешноста на уредот. Не заборавајте да ги избришете и вратата и гумите на вратата. За чистење на внатрешноста, отстранливите делови и надворешноста на уредот слободно може да ја користите меката страна на сунѓерче за миење садови. Откако ќе завршите со чистењето, исушете ги отстранливите делови и внатрешноста на уредот пред да ги вратите назад на своите места.
      Чистење на надворешноста и кондензаторот: кога ќе завршите со внатрешноста, избришете ја надворешноста со навлажнета крпа. Избегнувајте користење абразивни детергенти, бидејќи може да ги оштетат површините на уредот. Не заборавајте повремено да ги проверувате кондензаторот и вентилаторот. Овие делови се наоѓаат од надворешната страна на уредот и се склони кон таложење прав и нечистотии. Правта ќе ги блокира протокот на воздух и ослободувањето на температурата, што дополнително ќе го оптовари компресорот.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Колку долго треба да чекам по инсталацијата на фрижидерот за да го вклучам?

      Сигурно сте возбудени и со нетрпение сакате да почнете да го користите вашиот нов фрижидер, но потребно е да го оставите одреден период за да се стабилизира. Фрижидерот треба да се остави исправен и исклучен од струја 4 часа по првата инсталација. Откако ќе изминат 4 часа, вклучете го фрижидерот и оставете го да работи 12 часа без да поставувате храна во него. Може да почнете со користење на фрижидерот откако ќе изминат вкупно 16 часа.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да го исчистам садот за вода на фрижидерот?

      Ако фрижидерот е опремен со диспензер за вода, тогаш и садот за вода треба да се чисти повремено. Може да пристапите до садот за вода со вадење на предната полица на садот за вода. Извадете го од своето лежиште и измијте го со вода.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да ја користам опцијата за брзо замрзнување?

      Преградата веднаш пред вентилаторот на замрзнувачот е наменета за брзо замрзнување. Ладниот воздух директно се насочува кон храната поставена во оваа преграда со што замрзнувањето е побрзо за 10% од другите фиоки и прегради на замрзнувачот. Брзото замрзнување е автоматска карактеристика на вашиот Beko фрижидер и не се потребни дополнителни подесувања за да го вклучите.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Колку простор треба да оставам меѓу ѕидот и фрижидерот за да се овозможи соодветна вентилација?

      Треба да оставите најмалку 5 см простор од страните и од задниот дел на фрижидерот за да се овозможи соодветна вентилација.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • При прекин на струја во домот, што треба да направам за замрзнатата храна да не се одмрзне?

      Прекините на струја се здодевни, но за жал сè уште се случуваат. Најдобат начин да ја одржите храната замрзната за време на прекинот на струја е да не ја отворате вратата од замрзнувачот. Со секое отворање на вратата на замрзнувачот, топлиот воздух влегува во ѕредот и ја зголемува внатрешната температура. Вашиот замрзнувач е дизајниран да ја одржи храната замрзната до 12 часа во случај на прекин на струја. Ова е најдолг можен период што не може да се постигне со каков било друг метод, како користење вреќички за ладење.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Одам на одмор. Дали треба да направам нешто?

      Патувањата се секогаш возбудливи, но напуштањето на домот одреден период бара одредени подготовки. Има неколку мерки што треба да ги преземете за да го подготвите фрижидерот за вашето отсуство, во зависност од должината на вашиот одмор.
      Кратко патување: ако планирате кратко патување од една недела до 10 дена, може да го оставите фрижидерот вклучен. За да избегнете непријатни мириси, фрлете или консумирајте ја храната што би можела да се расипе додека не сте тука.
      Подолго патување: ако планирате патување подолго од еден месец, исклучете го фрижидерот за да заштедите струја. Испразнете го фрижидерот, испразнете го садот за вода (доколку има), исчистете ја внатрешноста и оставете ги вратите отворени за да спречите појава на непријатни мириси.
      Режим за одмор: многу од Beko фрижидерите имаат режим за одмор, што може да го вклучите кога не сте дома. Оваа функција го исклучува фрижидерот, но го остават замрзнувачот да работи. Ако нема да бидете дома подолго од еден месец, фрлете ја храната што може да се расипе, ставете ја останатата храна во замрзнувачот и изберете го режимот за одмор.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Ледоматот на мојот фрижидер не прави доволно или воопшто коцки мраз. Што може да биде проблемот и како да го поправам?

      Капацитетот на фрижидерот за правење коцки мраз е наведен во упатството за употреба. Имајте предвид дека надворешната температура игра глема улога во перформансите на уредот да прави коцки мраз. Ако забележите намалување или проблем со капацитетот на фрижидерот за правење коцки мраз, проверете ги следниве можни причини. Поврзување со вода: прво нешто што треба да проверите доколку фрижидерот не прави доволно коцки мраз е поврзувањето со вода. Поврзувањето може да варира во зависност од моделот на фрижидерот. Следете ги инструкциите во упатството за употреба за да видите како и каде да го поврзете уредот и да проверите дали сите поврзувањеа се правилно изведени. Сад за вода: осигурајте се дека садот за вода на фрижидерот е полн. Недоволниот доток на вода може да биде една од причините за недоволната количина коцки мраз. Врата на замрзнувачот: друга причина за намалување на капацитетот за коцки мраз е честото отворање на вратата на замрзнувачот. Уредот треба да го одржи воздухот во замрзнувачот на одредена темпратура за да може да го поситигне наведениот капацитет за правење коцки мраз. Ако вратата на замрзнувачот се отвора почесто или е оставена отворена подолг период, топлиот воздух што че навлезе во замрзнувачот ќе ја намали температурата на воздухот што ќе го забави процесот за правење коцки мраз.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како можам да го продолжам работниот век на мојот фрижидер?

      Фрижидерите се направени да траат најмалку една декада. Тоа е импресивен временски период со оглед на тоа дека фрижидерите се единствените уреди во домот што работат 24/7. Вашиот фрижидер е отпорно парче опреме и бара многу малку како возврат за своите услуги. Со соодветно и редовно одржување можете значително да го продолжите работниот век на вашиот фрижидер.
      Поставување: има неколку лесни чекори што може да ги следите за да се осигурате дека вашиот фрижидер работи правилно. Првиот чекор е да проверите дали вашиот фрижидер е правилно поставен во вашата кујна. Фрижидерот треба да биде подалеку од ѕидови, директна сончева светлина и други извори на топлина, како радијатори или рерни. Осигурајте се дека има најмалку 5 см простор меѓу фрижидерот и ѕидовите за да се овозможи соодветна вентилација.
      Кондензатор: откако ќе ја проверите поставеноста на фрижидерот, може да се запознаете со деловите на кои им е потребно редовно одржување. Еден од овие делови е кондезаторот. Кондензаторот е одговорен за испуштање на топлината што уредот ја произведува и помага во одржување на температурата во внатрешноста. Кондензаторот се наоѓа или на задниот или на долниот дел на уредот и е склон на таложење прав и нечистотии. Правливиот кондензатор ја губи својата ефикасност за испуштање на топлината и го оптоварува компресорот, што е најскапиот дел на фрижидерот. Затоа еднаш месечно чистете ги кондензаторот и вентилаторот со правомускалка.
      Гуми на вратите: гумите на вратата исто така бараат редовно одржување. Гумите го изолираат воздухот во фрижидерот од потоплиот надворешен воздух. Ако гумите се оштетат, компресорот на фрижидерот ќе треба да работи повеќе и подолго за да го одржи воздухот во внатрешноста ладен. Чистете ги гумите на вратите со неабразивни средства барем два пати месечно за да ја одржите нивната еластичност.
      Филтер за вода: ако фрижидерот има диспензер за вода и ледомат, мора да има и филтер за вода. Како и кај филтрите во другите уреди и филтерот за вода во фрижидерот треба редовно да се менува. Редовното менување на филтерот е многу важно не само за вашето здравје, туку и за правилното работење на вашиот фрижидер. Истрошениот филтер за вода нема да може ефективно да ги филтрира бактериите и другите нечистотии, што ќе доведе до нивно навлегување во водата што фрижидерот ја користи за садот за вода и за правење коцки мраз.
      Чистење: покрај кондензаторот и гумите на вратите, потребно е барем еднаш месечно да се исчистат внатрешноста и надворешноста на фрижидерот. Чистиот фрижидер подобро ќе ја регулира температурата и помалку ќе го оптоварува компресорот.
      Одржување: секогаш е подобро да се погрижите за проблемите со вашиот уред пред тие да се влошат. Редовно проверувајте го уредот и поправете ги малите проблеми пред да се претворат во поголеми проблеми што ќе ве чинат поскапо.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Кои се предностите на фрижидер со горен замрзнувач?

      Удобност и разновидност: фрижидерот со горен замрзнувач е најтрадиционален и најчест модел и доаѓа во повеќе стилови и бои во споредба со другите модели. Ако барате удобен модел што е лесен за користење, а не консумирате многу замрзната храна, фрижидерот со горен замрзнувач е вистински модел за вас.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Кои се предностите на фрижидерот со долен замрзнувач?

      Најкористените работи се лесно прегледни: фрижидерите со долен замрзнувач се појнов додаток во семејството фрижидери во споредба со фрижидерите со горни замрзнувачи. Најочигледната предност на ваквиот тип фрижидери е што најкористените работии како свежа храна и пијалаци се наоѓаат повисоко во вашето видно поле, додека помалку користените работи, како замрзнатата храна, се наоѓаат пониско до земја.
      Пошироки полици: фрижидерите со долен замрзнувач вообичаено имаат пошироки полици што значи дека може да чувате поголеми предмети како кутии пица или тавчиња, што потешко ги собира кај моделите со горни замрзнувачи.
      Енергетска ефикасност: фрижидерите со долни замрзнувачи вообичаено имаат поголема енергетска ефикасност во споредба со другите модели.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Кои се предностите на side by side фрижидерите?

      Најкористените работи се лесно прегледни: Side-by-side фрижидерите имаат две вертикални секции, секоја со ист капацитет. Фрижидерот е од десна страна, додека замрзнувачот е од лева. Ваквиот тип фрижидери овозможуваат поголем внатрешен простор и лесно користење, бидејќи и свежата и замрзнатата храна се наоѓаат на исто ниво. Системот со две прегради овозможува поголем и подобро организиран простор. Замрзнувачот е опремен со полици што овозможува попрегледно поставување на храната.
      Помали врати: и покрај поголемиот простор за складирање, вратите на side-by-side моделите се помали и затоа им е потребен помал простотр за отворање пред фрижидерот. Овие модели вообичарно имаат диспензери за вода и мраз на предниот дел на вратата од замрзнувачот.
      Вертикално складирање: Side-by-side фрижидерите нудат поголем простор за складирање свежа и замрзната храна, но овој простор е исклучиво вертикален, што може да не им одговара на некои лица. Широките кутии за пица или големите чинии може да не ги собере во ваквиот тип модели. Овие фрижидери се исклучително популарни во последните неколку години. Ако имате простор во вашата кујна и ако ви се допаѓа идејата да ја имате целата храна, и свежа и замрзната, во видното поле, тогаш ваквиот тип фрижидер е вистинскиот модел за вас.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Кои се предностите на фрижидер со француски врати?

      Фрижидерите со француски врати ги комбинираат најдобрите карактеристики на side-by-side моделите и моделите со долен замрзнувач. Овие модели имаат фрижидер со две прегради во горниот дел и замрзнувач во форма на фиока во долниот дел.
      Најкористените работи се лесно прегледни: најкористените работии како свежа храна и пијалаци се наоѓаат повисоко во вашето видно поле, додека помалку користените работи, како замрзнатата храна, се наоѓаат пониско. Овие модели имаат пошироки полици на кои лесно може да собере послужавници и кутии за пица.
      Помали врати: како и кај side-by-side моделите, системот со две врати значи дека вратите се помали и е потребен помал простор пред фрижидерот за целосно да се отворат.
      Енергетска ефикасност: исто така, бидејќи само една врата се отвора истовремено, само половина од фрижидерот е изложен на потоплиот надворешен воздух. Ова значи дека на фрижидерот му е потребна само половина од енергијата за да го излади воздухот до саканата температура.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каде може да го најдам сериоскиот број на фрижидерот?

      Секој Beko фрижидер има уникатен сериски број, што се наоѓа во внатрешноста на фрижидерот.


      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да спречам појава на непријатни мириси во машината за миење садови?

      Знаеме дека не е многу пријатно изненадување кога ќе ја отворите вратата од вашата машина за садови првото нешто што ќе го забележите е непријатен мирис. Постојат неколку причини зошто ова се случува. За среќа, навистина е лесно да се ослободите од нив.
      Валкани садови: појавата на лошиот мирис може да се должи на валканите садови. Ако садовите се оставени подолго време во машината пред да се измијат, може многу лошо да мирисаат. Ако ова се случува почесто, машината може да го апсорбира лошиот мирис. Убаво исплакнете ги многу ваканите садови пред да ги ставите во машината, особено ако не планирате веднаш да ја вклучите машината. Многу од Beko машините за миење садови се опремени со IonGuard® технологијата, што ги елиминира лошите мириси. IonGuard® испушта негативни јони и ги неутрализира молекулите на лошите мириси.
      Валкана машина: лошите мириси може да се појават во машината доколку таа не се чисти редовно. Со тек на време, маснотиите и честичките храна се собираат на вратата и на внатрешните ѕидови на машината. Топлата и влажна средина во машината е идеална за ширење и размножување на бактериите. Ова не само што не е хигиенски, туку и предизвикува лоши мириси во внатрешноста на уредот. За да не се случува ова, повремено бришете ја внатрешноста и вратата на машината. Многу од Beko машините за миење садови се опремени со InnerClean програмата. Ова е самочистечка програма што ја загрева водата до 73 степени. Може да ја пуштите оваа програма еднаш месечно за да избегнете појава на непријатни мириси и ширење на бактерии во машината.
      Валкани филтри: вашата машина исто така е опремена со одводен филтер што повремено треба да се исчисти. Многу од Beko машините за садови се опремени со EverClean™ функцијата за филтри. Оваа функција се состои од специјален систем од прскалки што го чисти одводниот филтер однатре. Благодарение на EverClean™, филтерот на вашата Вeko машина за миење садови треба да се чисти 4 пати помалку. Извадете ја долната полица на машината за да пристапите до одводниот филтер. Извадете го филтерот од долниот дел на машината и измијте го со вода. Повторувајте го овој процес еднаш неделно за да спречите појава на непријатни мириси.
      Несоодветен детергент и други производи: осигурајте дека детергентот, средството за плакнење и солта што ги користите се специјално наменети за користење во машини за миење садови. Во никој случај не користете детергент за миење садови, рачен сапун, белило, оцет или какви било други хемикалии, бидејќи овие производи не само што ќе ги намалат перформансите на машината, но може да предизвикаат појава на непријатни мириси и да го скратат работниот век на машината.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да ги дополнам садовите за сол и средство за плакнење?

      За да добиете најдобри перформанси при миењето садови, потребно е редовно да ги дополнувате садовите за средството за плакнење и сол. На предниот екран на машината ома показатели што ви означуваат кога солта во машината и средството за плакнење се при крај. Внимавајте на овие показатели и дополнете кога ќе биде потребно.
      Сол за машини за миење садови: солта за машините за миење садови се продава во грануларна форма и помага внатрешниот уред за омекнување на водата да ја намали тврдоста на водата што се користи. Садот за сол на машината за садови се наоѓа во внатрешноста на машината, од левата страна на долната полица. За да пристапите до садот, повлечете ја долната полица и извадете го заштитното капаче на садот. Дополнете со сол додека не се достигне максималната ознака и затворете го капачето. Водата во садот може да претече или солта да се истури во машината за време на оваа процедура. Истурената сол во машината може да предизвика корозија на металните површини на машината. За да го избегнете ова, при дополнувањето на садот за сол искористете ја инката што е доставена со вашата машина и веднаш избришете ја водата што ќе протече. Се препорачува да ја вклучите машината брзо откако ќе го дополните садот со сол. Ако го дополните садот, но не планирате да ја вклучите машината, се препорачува да вклучите кратка програма без садови и детергент за да избегнете какво било оштетување на машината.
      Средство за плакнење: средството за плакнење ја отстранува водата од површината на садовите при последното плакнење. Средството за плакнење спречува капките водаа да се исушат на вашите садови и да остават дамки. Ако показателот за средството за плакнење на машината се вклучи, тоа е знак дека средството треба да се наполни. Садот за средството за плакнење се наоѓа од внатрешната страна на вратата на машината, веднаш до садот за детергент. Отворете го капакот на садот, дополнете со средство за плакнење додека садот не се наполни и затворете го капакот.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да спречам појава на дамки од вода на садовите?

      Многу е разочарувачки кога ќе сфатите дека само што измиените садови се покриени со дамки од вода. Дамките од вода се формираат кога капките вода ќе се исушат на вашите садови. За да го избегнете ова, потребно е да користите средство за плакнење, што претставува формула што ги отстранува капките вода од површината на вашите садови за време на последното плакнење. Исто така тврдоста на водата може да ја зголеми видливоста на дамките од вода. Може да ја намалите тврдоста на водата со подесување на внатрешниот омекнувач на машината и додавање сол наменета за машини за садови.
      Дополнување на средството за плакнење: повеќето корисници мислат дека средството за плакнење служи садовите да бидат посјајни, но неговата главна цел е всушност да помогне во процесот за сушење. Средството за плакнење формира водоотпорен слој на вашите садови и го прави испарувањето поефективно, со што се спречува капките вода да се исушат на вашите садови. Ако показателот за средството за плакнење на машината се вклучи, тоа е знак дека треба да го дополните садот. Садот за средството за плакнење се наоѓа од внатрешната страна на вратата, веднаш до садот за детергент. Отворете го капакот на садот, дополнете додека садот не се наполни и затворете го капакот. Вашата машина за садови има подесување за средството за плакнење што ја одредува количината на средството што ќе се искористи. Ако забележите дамки од капки вода на садови и покрај тоа што сте користеле средство за плакнење, потребно е да го зголемите подесувањето.
      Подесување на тврдоста на водата: тврдата вода исто така придонесува на садовите да се формираат дамки од капките вода. Вашата машина има подесување за тврдоста на водата што треба да се прилагоди според тврдоста на водата во вашиот регион. Следете ги инструкциите во упатството за употреба за да го одредите точното подесување.
      Дополнување на садот за сол: солта за машините за садови се продава во грануларна форма и помага внатрешниот уред за омекнување на водата да ја намали тврдоста на водата што се користи. Како и за средството за плакнење, на машината има показател што свети кога садот за сол треба да се наполни. Садот за сол на машината за садови се наоѓа во внатрешноста на машината, од левата страна на долната полица. За да пристапите до садот, повлечете ја долната полица и извадете го заштитното капаче на садот. Дополнете со сол додека не се достигне максималната ознака и затворете го капачето.
      Детергент во форма на таблети: таблетите се помалку ефективни при плакнењето и сушењето. За да го надоместите ова, вашата машина може да се програмира за да може да користи детергент во форма на таблети. Некои Beko машини за садови се опремени со автоматски сензори за таблети што може да препознаат доколку користите детергент во форма на таблети. Ако вашата машина нема ваква функција, потребно е рачно да го активирате подесувањето кога користите таблети. Иако некои од таблетите имаат формула 2 во 1, сепак се препорачува да користите средство за плакнење.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каков тип детергент треба да користам?

      Постојат три типа детергент што може да ги користите со вашата Beko машина за садови: детергенти во прав, детергенти во форма на таблети или гел или течни детергенти. Кој било од овие детергенти е погоден за користење во вашата машина за садови. Во никој случај не е дозволено користење обичен детергент за миење садови, рачен сапун или какви било други хемикалии. Исто така не заборавајте да користите сол за машини за садови и средство за плакнење за да добиете најдобри резултати.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Машината за миење садови протекува. Што може да биде причина за проблемот и како можам да го решам?

      Неколку фактори може да предизвикаат протекување вода од машината. Некои проблеми се полесни за решавање од други, а некои проблеми треба исклучиво да се решат од овластен сервисер.
      Вратата на машината: прво место што треба да го проверите за протекување е вратата на машината за садови. Со тек на време механичките движења може да ги олабават или оштетат поврзувањата на вратата. Исто така проверете ги и гумите на вратите за да се осигурате дека не се напукнати или оштетени и дека не се причина за протекувањето. Ако некоја од гумите е лабава или напукната, треба да се поправи или целосно да се замени. Ако се сомневате дека протекувањето се должи на некоја од овие причини, контактирајте го овластениот сервис за поправка.
      Поврзувања за водата: ако забележите вода што излегува од задниот дел на машината или под мијалникот, причината за проблемот може да се должи на лошите поврзувања на цревата. Проверете ги одводното црево, доводното црево и вентилите за да се осигурате дека се правилно зацврстени. Во спротивно, зацврстете ги со соодветна опрема.
      Мотор и пумпа: најчестото место за протекување се гумите околу моторот и пумпата на машината. Ако нема друг очигледен извор на протекувањето, може да се претпоставу дека ова е причина за проблемот. До овие делови потешко се пристапува и потребно е да се проверат од професионалец.
      WaterSafe® и WaterSafe+®: за среќа, многу од Beko машините за садови се опремени со WaterSafe® или WaterSafe+® технологијата. Овие технологии автоматски го исклучуваат пртокот на вода од славината до машината во случај на преполнување или протекување.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да ја исчистам машината за миење садови?

      Многумина можеби ќе се изненадат, но машината што е наменета за чистење на вашите садови треба да се исчисти. Редовното чистење на машината ќе го зголеми работниот век и ќе ги подобри перформансите. Со тек на време маснотиите, детергентот и остатовите од храна се таложат во внатрешноста на машината. Валканата машина има намалени перформанси и претставува поволна средина за ширење бактерии. Затоа потребно е редовно чистење и на надворешноста и на внатрешноста на машината.
      Чистење на надворешноста: може да ја исчистите надворешноста на машината исто како и кај другите уреди, односно со влажна крпа или со меката страна на сунѓерче за садови и неабразивно средство за чистење.
      Чистење на внатрешноста: потребно е повремено да се чисти внатрешноста и вратата на машината. Многу Beko машини за садови се опремени со самочистечката InnerClean програма. Вклучувајте ја оваа програма еднаш месечно за да спречите појава на непријатни мириси и ширење бактерии во машината.
      Чистење на прскалките: на прскалките на машината за садови може да се наталожат остатоци и да ги блокираат. За да ја извадите горната прскалка, свртете ја завртката обратно од стрелките на часовникот и повлечете ја и завртката и прскалката. Може да ја извадите долната прскалка со вадење на држачите што ја држат на место. Измијте ги прскалките со вода и осигурајте се дека дупките што ај пропуштаат водата не се блокирани. Кога ќе завршите со чистењето, вратете ја горната прскалка на место и зацврстете ја завртката, обратно од стрелките на часовникот. Вратете ја и долната прскалка на место и турнете додека не ги слушнете држачите да кликнат.
      Чистење на филтерот: вашата машина исто така е опремена со одводен филтер што повремено треба да се исчисти. Многу од Beko машините за садови се опремени со EverClean™ функцијата за филтри. Оваа функција се состои од специјален систем од прскалки што го чисти одводниот филтер однатре. Благодарение на EverClean™, филтерот на вашата Вeko машина за миење садови треба да се чисти 4 пати помалку. Извадете ја долната полица на машината за да пристапите до одводниот филтер. Извадете го филтерот од долниот дел на машината и измијте го со вода. Повторувајте го овој процес еднаш неделно за да спречите појава на напријатни мириси.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Приборот е кородиран по миењето во машината. Што може да биде причина за проблемот и како да го решам?

      Никој не сака да јаде со кородиран прибор. Уште поразочарувачки е фактот дека корозијата не може да се поправи откако ќе се појави. Корозијата настанува кога металот е изложен на кислород, вода или влажен воздух. Со тек на време, доколку правилно не се одржува, секој метал кородира. Подолу се наведени неколку причини зошто приборот или другите метални садови може да кородираат во машината за садови како и начини како може да ја избегнете оваа појава.
      Влага во машината: влагата е број еден причина за појава на корозија. Нормално е воздухот во машината да биде влажен по миењето. За да избегнете оваа влага да се пренесе на садовите, отворете ја вратата на машината за садови штом програмата ќе заврши и оставете ја малку подотворена. На овој начин влажниот воздух во машината ќе излезе и ќе спречи корозија на металниот кујнски прибор.
      Прибор со лош квалитет или прибор што не е погоден за миење во машина за садови: не сите материјали се безбедни за миење во машина за садови. Ве молиме погледнете го прашањето „Какви типови садови не смеат да се мијат во машината?” во листата со најчести прашања, за да проверите кои садови не препорачуваме да ги миете во машината. Исто така, металниот прибор со лош квалитет е склон да кородира ако се мие во машина за садови. Доколку се сомневате, не го мијте ваквиот прибор во машината за садови.
      Механичко движење: со тек на време механичкото движење во машината може да го изгребе приборот од нерѓосувачки челик. Овие гребаници може да предизвикаат ваквиот прибор да кородира или да предизвика корозија и на другите метални садови. Ако забележите гребаници на приборот, не го мијте повеќе во машината.
      Веќе кородиран прибор: корозијата може да се рашири во машината. Затоа, ако приборот што е веќе кородиран се постави во машината заедно со друг некородиран прибор, корозијата може да се пренесе и на останатиот прибор. Ако забележите корозија на приборот, не го мијте повеќе во машината за садови.
      Вода од чешма: ако водата од чешма што се користи за миење е богата со јони и тешки метали, може да дојде до забрзување на појавата на корозија на металните садови. Вашата машина има внатрешен уред за омекнување на водата што ги неутрализира овие метални јони. Уредот работи најдобро доколку во машината се користи и сол за машини за садови.
      Сол за машини за садови: солта за машини за садови помага внатрешниот уред за омекнување на водата да ја намали тврдоста и да ја неутрализира водата што се користи. Но, има корозивен ефект на металите. Садот за сол во машината има вода во внатрешноста и оваа вода може да протече при дополнување на садот со сол. За да го намалите претекувањето, користете ја доставената инка при дополнување на садот за сол и веднаш избришете ја водата што ќе протече. Се препорачува да го дополните садот за сол веднаш пред да ја вклучите машината. Ако го дополните садот за сол, но не планирате веднаш да ја вклучите машината, ви препорачуваме да вклучите кратка програма без садови и детергент за да избегнете оштетување на машината и приборот.
      Несоодветен детергент и други производи: осигурајте се дека детергентите, солта и средството за плакнење што ги користите се специјално наменети за машини за миење садови. Во никој случај не користете обичен детергент за миење садови, рачен сапун, белило, оцет или други хемикалии, бидејќи ваквите производи не само што ќе ги намалат перформансите на машината, туку може да предизвикаат корозија на металните садови и да го скратат работниот век на машината.
      Соодветно поврзување со струја: машината мора дa биде поврзана со соодветно заземјен штекер. Незаземјената струја може да предизвика статичен електрицитет во машината. Статичниот електрицитет го еродира заштитниот слој на металните делови на машината и приборот, што може да ја забрза појавата на корозија.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Садовите имаат силен мирис на детергент по миењето. Што може да биде причина за проблемот и како да го решам?

      Мирисот на детергент на садовите е непријатен и ви дава чувство дека е нехигиенски. Тоа е токму спротивното од тоа што го очекувате од вашите измиени садови. Мирисот од детергентот останува на садовите доколку детергентот што го користите не е целосно растворен, не се растворил во точната фаза за време на миењето или нешто ги намалило перформансите за плакнење на машината.
      Поставување на садовите: начинот на кој што ги поставувате садовите во машината може да влијае на распределувањето и плакнењето на детергентот. Осигурајте се дека машината не е преполнета и дека садовите не се потпираат едни врз други. Исто така, проверете дали садовите го попречуваат движењето на прскалките или капакот на садот за детергент и, ако е потребно, направете ги потребните прилагодувања.
      Детергент во таблети: детергентите во таблети може да го продолжат времето за сушење на садовите. Некои Beko машини за садови се опремени со автоматски сензори за таблети што може да детектираат доколку користите детергент во форма на таблети. Ако вашата машина нема ваква функција, ќе мора рачно да го активирате подесувањето доколку користите таблети, за да се осигурате дека садовите темелно ќе се исушат. Исто така имајте предвид дека детергентите во таблети не се препорачуваат за кратки програми.
      SuperRinse™: многу од Beko машините за садови се опремени со функцијата SuperRinse™, што овозможува дополнително плакнење. Изберете ја оваа функција ако сте осетливи на остатоци од детергент или пак ако сакате потемелно исплакнати садови.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Машината за садови не ги суши целосно садовите. Што може да биде причина за проблемот и како да го решам?

      Знаеме дека фрустрира да ги чекате садовите толку време за на крај да забележите дека се сè уште мокри. Машините за миење садови ги сушат садовите со користење на топлината од последната вода за плакнење. Топлината се апсорбира од садовите и останува во машината додека целата вода не се испушти. Преостанатата топлина ги тера капките да испарат и да се прилепат на внатрешноста на машината. Има повеќе фактори што може да го попречат овој процес и да предизвикаат садовите да се мокри и по сушењето.
      Поставување на садовите: можно е погрешно да ги поставувате садовите или да ја преполнувате машината. Осигурајте се дека сите садови се правилно навалени и дека не се допираат едни со други за да добиете оптимални перформанси. Ако садовите не се убави поставени во машината, лесните пластични чаши или шолји може да се придвижат или дури да се исправат. Во овој случај чашите ќе останат полни со вода што ќе го попречи процесот на испарување и ќе го спречи и сушењето на другите садови.
      Средство за плакнење: втор фактор може да биде некористењето средство за плакнење. Повеќето корисници мислат дека средството за плакнење служи садовите да бидат посјајни, но неговата главна цел е всушност да помогне во процесот за сушење. Средството за плакнење формира водоотпорен слој на вашите садови и го прави испарувањето поефективно, со што се спречува капките вода да се исушат на вашите садови. Проверувајте го садот за средството за плкнење по секое миење за да се осигурате дека испуштањето на средството во машината се одвива непречено.
      Врата на машината: капките вода може повторно да се вратат на садовите ако ја оставите вратата на машината затворена откако миењето ќе заврши. Машината може да правилно да ги суши садовите, но топлиот и влажен воздух во машината создава капки вода додека воздухот во машината се лади. Осигурајте се дека по миењето вратата на машината е оставена малку подотворена за топлиот воздух да може да излезе.
      Детергент во таблети: детергентите во таблети може да го продолжат времето за сушење на садовите. Некои Beko машини за садови се опремени со автоматски сензори за таблети што може да детектираат доколку користите детергент во форма на таблети. Ако вашата машина нема ваква функција, ќе мора рачно да го активирате подесувањето доколку користите таблети, за да се осигурате дека садовите темелно ќе се исушат. Исто така имајте предвид дека детергентите во таблети не се препорачуваат за кратки програми.
      Програма за миење: за да добиете оптимални перформанси при миење и сушење на садовите, осигурајте се дека е избрана соодветна програма за типот на садови во машината. Изберете ја програмата според бројот на садови, типот на материјал од кои се изработени и нивото на валканост.
      AquaFlex®: пластиката не задржува толку топлина како другите материјали како стакло или порцелан. Ова значи дека пластиката може да остане мокра додека другите материјали се целосно суви. Многу од Beko машините за садови се опремени со AquaFlex® технологија што го решава овој проблем. Ако миете пластични садови во машината, вклучете ја AquaFlex® опцијата за да добиете најдобри резултати.
      Технички проблеми: машината може да има технички проблем. Може да има дефект во грејниот елемент или термостатот. Во овој случај најдобро е да го контактирате овластениот сервис за поправка.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Дали мора да користам средство за плакнење?

      За да ги добиете најдобрите перформанси од вашата Beko машина, треба секогаш да користите сол и средство за плакнење. Средството за плакнење ја отстранува водата од површината на садовите при последното плакнење. Средството спречува капките вода да се исушат на садовите и да остават дамки. Ако показателот за средството за плакнење свети, тоа е знак дека садот треба да се дополни. Садот за средството за плакнење се наоѓа од внатрешната страна на вратата, веднаш до садот за детергент. Отворете го капакот на садот, дополнете со средство за плакнење до максималната ознака и затворете го капакот.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Какви типови садови не смеат да се мијат во машината за садови?

      Најдобро е да ги проверите инструкциите на производителот пред да одлучите дали да ставите нешто во машината за садови или не. За жал, не сите садови имаат ваква информација на своите етикети. Како генерално правилно треба да избегнувате да миете прибор со отстранливи делови, деликатни, рачно сликани садови и порцелански садови со златни или сребрени детали. Исто така алуминиумските тенџериња или тенџерињата со алуминиумски слој може да предизвикаат корозија на чашите. Подолу може да најдете листа со садови што не препорачуваме да ги миете во машината за садови.
      Леано железо
      Кристални, рачно изработени и насликани чаши
      Дрвен прибор
      Нелепливи тавчиња
      Бакарни тавчиња и тенџериња
      Мека пластика
      Алуминиумски прибор
      Отстранлив алуминиум
      Садови обложени со злато
      Изолирани шолји
      Какви било садови со самолепливи ленти
      Порцелан (рачно насликан или антиквитет)
      Рачно насликана керамика
      Емајл
      Калај

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како можам да го продолжам работниот век на машината за садови?

      Првиот и најважниот чекор за одржување на уредот во добра состојба е редовното чистење. Со тек на време маснотиите и остатоците од храна се собираат на одводниот филтер, вратата и внатрешноста на машината. Може да го намалите ова таложење со плакнење на многу валканите садови со вода пред да ги ставите во машината. Ако редовно не ја чистите машината, остатоците од храна може да ги затнат пумпите, филтрите и цревата и да предизвикаат неправилно работење на машината.
      Чистење на внатрешноста: внатрешните ѕидови и вратата на машината за садови мора редовно да се чистат. Не заборавајте да ги избришете и гумите на вратите, бидејќи нечистотиите може да се насоберат и во тој дел. Проверете дали гумите се напукнати или лабави. Многу Beko машини за садови се опремени со InnerClean програмата. Ова е самочистечка програма што може да ја вклучувате еднаш месечно за да избегнете непријатни мириси и ширење бактерии во машината.
      Чистење на филтерот: вашата машина исто така е опремена со одводен филтер што повремено треба да се исчисти. Многу од Beko машините за садови се опремени со EverClean™ функцијата за филтри. Оваа функција се состои од специјален систем од прскалки што го чисти одводниот филтер однатре. Благодарение на EverClean™, филтерот на вашата Вeko машина за миење садови треба да се чисти 4 пати помалку. Извадете ја долната полица на машината за да пристапите до одводниот филтер. Извадете го филтерот од долниот дел на машината и измијте го со вода. Повторувајте го овој процес еднаш неделно за да спречите таложење на остатоците од храна.
      Детергент, сол и средство за плакнење: покрај редовното чистење, за да ја одржите машината во топ форма треба секогаш да користите соодветен детергент, сол и средство за плакнење. Во никој случај не користете обичен детергент за миење садови, рачен сапун, белило, оцет или други хемикалии, бидејќи ваквите производи не само што ќе ги намалат перформансите на машината, туку и ќе го скратат нејзиниот работен век. Редовно дополнувајте ги садовите за сол и средство за плакнење.
      Поставување на садовите: бидете внимателни додека ги поставувате садовите во машината и осигурајте се дека не е преполнета. Осигурајте се дека сите садови се правилно навалени и дека не се допираат едни со други за да добиете оптимални перформанси. Ако садовите не се убави поставени во машината, лесните пластични чаши или шолји може да се придвижат или дури да се исправат.
      Одржување: секогаш е подобро да ги решите проблемите со уредот пред да се влошат уште повеќе. Редовно проверувајте го уредот и веднаш поправете ги малите проблеми пред да се претворат во поголеми проблеми што ќе доведат и до поголеми трошоци.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Колку често треба да го чистам филтерот на машината за садови.

      Вашата машина исто така е опремена со одводен филтер што повремено треба да се исчисти. Многу од Beko машините за садови се опремени со EverClean™ функцијата за филтри. Оваа функција се состои од специјален систем од прскалки што го чисти одводниот филтер однатре. Благодарение на EverClean™, филтерот на вашата Вeko машина за миење садови треба да се чисти 4 пати помалку
      Чистење на филтерот: повремено вадете го одводниот филтер од машината за да проверите дали има талози од остатоци ог храна. Повлечете ја долната полица на машината за да пристапите до филтерот. Извадете го филтерот од долниот дел на машината и измијте го со вода. Валканиот одводен филтер може да го попречи испуштањето на водата и да предизвика посериозни проблеми.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Што можам да направам за да добијам најдобри резултати од машината за садови?

      Најлесниот начин да се осигурате дека ќе добиете најдобри перформанси од вашата машина за садови е да ги следите инструкциите во упатството за употреба што се однесуваат на соодветно користење, чистење и одржување на машината.
      Чистење: редовното чистење на машината ќе го продолжи работниот век и ќе ги подобри перформансите. Со тек на време, маснотиите и честичките храна се таложат во машината. Валканата машина е помалку ефикасна и овозможува идеална средина за ширење бактерии. Редовно чистете ги внатрешноста, надворешноста и отстранливите делови на машината како прскалките и филтрите. Многу Beko машини се опремени со самочистечката InnerClean програма што се препорачува да ја вклучувате еднаш месечно. За повеќе детали за чистење на машината, погледнете го прашањето „Како да ја исчистам машината за садови”.
      Поставување на садовите: начинот на кој што ги поставувате садовите во машината може да влијае на перформансите. Осигурајте се дека машината не е преполнета и дека садовите не се потпираат едни врз други. Исто така, проверете дали садовите го попречуваат движењето на прскалките или капакот на садот за детергент и, ако е потребно, направете ги потребните прилагодувања.
      Детергент, сол и средство за плакнење: секогаш користете соодветен детергент, сол и средство за плакнење што се специјално наменети за користење во машини за садови. Во никој случај не користете обичен детергент за миење садови, рачен сапун, белило, оцет или други хемикалии, бидејќи ваквите производи не само што ќе ги намалат перформансите на машината, туку и ќе го скратат нејзиниот работен век. Редовно дополнувајте ги садовите за сол и средство за плакнење.
      Програма за миење: за да добиете оптимални перформанси при миење и да го продолжите работниот век на машината, осигурајте се дека е избрана соодветна програма за типот на садови во машината. Изберете ја програмата според бројот на садови, типот на материјал од кои се изработени и нивото на валканост.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Чашите се замаглени по миењето во машината за садови. Што може да биде причина за проблемот и како да го решам?

      Може да биде многу разочарувачки доколку вашите кристално чисти чаши се замаглат во машината за садови. Замаглените чаши се чест проблем што се должи на корозија на стаклената површина. Има неколку причини зошто вашите чаши се замаглени. Првото нешто што треба да го направите во оваа ситуација е темелно да ја исчистите машината. Чистење на машината: со тек на време, маснотиите и честичките храна се собираат на вратата, внатрешните ѕидови и одводвниот филтер на машината. Затоа е многу важно редовно да ги бришете внатрешноста и вратата на машината. Многу од Beko машините за миење садови се опремени со InnerClean програмата. Ова е самочистечка програма што ја загрева водата до 73 степени. Може да ја пуштите оваа програма еднаш месечно за да избегнете таложење на остатоците од храна во машината.
      Чистење на одводниот филтер: вашата машина исто така е опремена со одводен филтер што повремено треба да се исчисти. Многу од Beko машините за садови се опремени со EverClean™ функцијата за филтри. Оваа функција се состои од специјален систем од прскалки што го чисти одводниот филтер однатре. Благодарение на EverClean™, филтерот на вашата Вeko машина за миење садови треба да се чисти 4 пати помалку. Извадете ја долната полица на машината за да пристапите до одводниот филтер. Извадете го филтерот од долниот дел на машината и измијте го со вода. Повторувајте го овој процес еднаш неделно за да спречите појава на непријатни мириси.
      Подесување на тврдоста на водата: тврдата вода исто така придонесува чашите да се замаглат. Вашата машина за садови има подесување за тврдоста на водата што е дел од уредот за омекнување. Потребно е да го прилагодите ова подесување според тврдоста на водата во вашиот регион. Следете ги инструкциите во упатството за употреба на машината за да го одредите точното подесување. Омекнувачот работи најдобро доколку во машината се користи и сол.
      Сол за машини за миење садови: солта за машините за миење садови се продава во грануларна форма и помага внатрешниот уред за омекнување на водата да ја намали тврдоста на водата што се користи. Садот за сол на машината за садови се наоѓа во внатрешноста на машината, од левата страна на долната полица. За да пристапите до садот, повлечете ја долната полица и извадете го заштитното капаче на садот. Дополнете со сол додека не се достигне максималната ознака и затворете го капачето. Водата во садот може да претече или солта да се истури во машината за време на оваа процедура. Истурената сол во машината може да предизвика корозија на металните површини на машината. За да го избегнете ова, при дополнувањето на садот за сол искористете ја инката што е доставена со вашата машина и веднаш избришете ја водата што ќе протече. Се препорачува да ја вклучите машината брзо откако ќе го дополните садот со сол. Ако го дополните садот, но не планирате да ја вклучите машината, се препорачува да вклучите кратка програма без садови и детергент за да избегнете какво било оштетување на машината.
      Средство за плакнење: повеќето корисници мислат дека средството за плакнење служи садовите да бидат посјајни, но неговата главна цел е всушност да помогне во процесот за сушење. Средството за плакнење формира водоотпорен слој на вашите садови и го прави испарувањето поефективно, со што се спречува капките вода да се исушат на вашите садови. Ако показателот за средството за плакнење на машината се вклучи, тоа е знак дека треба да го дополните садот. Садот за средството за плакнење се наоѓа од внатрешната страна на вратата, веднаш до садот за детергент. Отворете го капакот на садот, дополнете додека садот не се наполни и затворете го капакот. Вашата машина за садови има подесување за средството за плакнење што ја одредува количината на средството што ќе се искористи. Ако забележите дамки од капки вода на садови и покрај тоа што сте користеле средство за плакнење, потребно е да го зголемите подесувањето.
      Auto GlassShield® технологија, SteamGloss®технологија и GlassCare програма: за среќа, многу Beko машини за садови се опремени со специјални технологии и програми наменети да ги заштитат стаклените садови. Auto GlassShield® технологијата ги штити чашите од корозија со детектирање на тврдоста на водата и соодветно прилагодување на подесувањето. SteamGloss® технологијата овозможува дополнителни 10 минути интензивно загревање за да се намалат дамките од вода до 23%. И на крај GlassCare програмата нежно ги мие чашите на 40 степени за да ги заштити и да спречи нивно оштетување.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каде може да го најдам сериоскиот број на машината за миење садови?

      Секоја Beko машина за миење садови има уникатен сериски број што се наоѓа на десната страна од вратата на машината.


      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да ја исчистам рерната?

      Во рерните може да се наталожат доста маснотии и никој не сака да ги допира таквите масни слоеви. Најдобриот начин да ја одржувате рерната чиста е да ја бришете со неабразивен детергент по секое користење. На овој начин ќе се избегне таложењето нечистотии и маснотии што е потешко да се исчисти подовна. За среќа, Beko нуди голем број модели на рерни што ќе ви го олеснат животот.
      Пиролитичко чистење: многу Beko рерни се опремени со пиролитичката самочистечка програма и чистењето SimplySteam. Пиролитичката самочистечка програма ја зголемува температурата во рерната до 500 степени и ги гори тврдокорните остатоци до пепел. Потоа треба само да ја избришете пепелта што се собира на долниот дел од рерната со крпа, со што се избегнува користење детергент и други хемикалии.
      SimplySteam: SimplySteam чистењето е уште една функција што го олеснува чистењето на рерната. Сè што треба да направите е да ги извадите отстранливите делови од рерната и да оставите едно тавче на долниот дел. Истурете чаша вода во тавчето и вклучете ја SimplySteam програмата за чистење. Откако програмата ќе заврши, едноставно избришете ја внатреноста со мека и чиста крпа.
      Каталитички панели: сите Beko рерни се опремени со каталитички панели на задниот дел и на страничните ѕидови. Овие панели ги апсорбираат маснотиите и ја елиминираат потребата од користење абразивни хемикалии за чистење.
      PractiClean и Clean Zone: сите индивидуални Beko рерни се опремени со PractiClean целосно стаклени внатрешни врати, што значи дека внатрешноста на стаклената врата на рерната нема шрафови и е полесна за чистење. Од друга страна, вградените Beko рерни имаат Clean Zone стаклени врати. Се работи за олеофобичен слој што го олеснува чистењето.
      Нано слој: многу Beko рерни имаат и нано слој на внатрешноста на стаклената врата што овозможува поголем сјај.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да ја исчистам мојата вградена индукциска плотна?

      Ако имате индукциска плотна, сте направиле добра одлука бидејќи ќе може најлесно да ја исчистите во споредба со другите уреди. Индукциските плотни се загреваат само кога има сад на површината од стакло и керамика и само делот под садот се загрева. Останатиот дел од плотната речиси и да не ја зголемува топлината. Бидејќи останатиот дел од површината не се загрева, истурената храна нема да изгори на плотната. Иновативниот дизајн и модерниот финиш на индукциските плотни ги прават едни од најлесните уреди за чистење во домот. Најдобриот начин да ја исчистите индукциската плотна е редовно да ја бришете со неабразивна крпа или со меката страна од сунѓерче за садови.
      Wipe guard: многу Beko индукциски плотни се опремени со Wipe Guard функцијата што ви овозможува да ја заклучите контролната табла кога сакате да ја избришете храната што се истурила на плотната за време на готвењето. Може да ги заклучите подесувањата на 20 секунди со само еден допир.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Рерната не ја пече храната подеднакво. Што може да биде причина за проблемот и како да го решам?

      Навистина фрустрира кога ќе потрошите толку време во подготовка на совршеното јадење, за на крај да го извадите од рерната и да сфатите дека е само делумно испечено. Има неколку можни причини зошто ова се случува.
      Проток на воздухот: честа грешка при користење е попречување на протокот на воздух во рерната. Некои корисници употребуваат алуминиумска фолија за да ги соберат остатоците што капакот во рерната. Но, ако ја покриете долната полица со фолија, може да дојде до нееднакво печење на храната. Алуминиумската фолија може да го прелаже и термостатот, бидејќи ја рефлектира топлината, и да предизвика потешко одржување на температурата во рерната.
      Преполнување: преполнувањето на рерната е уште една можна причина на која треба да внимавате. Протокот на воздух во рерната може да се ограничи, што може да предизвика воздухот од едната страна на рерната да биде потопол од воздухот од другата страна. Проверете го упатството за употреба а рерната за повеќе информации како да печете повеќе јадења одеднаш.
      Surf® технологија: многу Beko рерни се опремени со Surf® технологијата за готвење, што овозможува подеднаква температура низ целата рерна. Воздухот се испушта на секое ниво на рерната преку дупките на страничните ѕидови и вентилаторот, со што се добиваат професионални резултати при секое користење.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каков тип садови треба да користам за мојата индукциска плотна?

      Индукциските плотни имаат калеми под површината за готвење што создаваат магнетско поле за загревање на садовите што ќе се постават одозгора. Затоа, садовите мора да бидат железни или да имаат железен слој на долниот дел за да може да се користат со индукциската плотна. Алуминиумот, стаклото и бакарот не ги спроведуваат магнетите и нема да работат добро со индукциската плотна. Ако не сте сигурни кои садови се направени од магнетски материјали, едноставно ставете магнет на долниот дел на садот и проверете дали магнетот ќе се залепи. Некои произведувачи ставаат симбол на долниот дел од садовите за да означат дека може да се користат со индукциски плотни.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да ја чистам и одржувам мојата керамичка плотна?

      Керамичките плотни се добар избор, особено ако не сакате многу да чистите. Керамичките плотни имаат мазна површина, налик стакло. Чистењето е навистина лесно, доколку редовно ја бришете по секое користење. Следуваат некои препораки за одржување на уредот во врвна форма.
      Истурена храна: сјајниот финиш на керамичките плотни ги прави лесни за чистење. Но, бидејќи површината на керамичката плотна се загрева за време на готвењето, истурената храна што нема веднаш да се избрише ќе изгори на плотната и подоцна ќе биде потешка за отстранување. Ако ја оставите истурената храна неизбришана подолг период може дури да ја промени бојата на керамичката површина, што потоа нема да може да се отстрани.
      Ceran Scrapper: многу е лесно да се изгребе керамичката плотна. За да избегнете гребаници, користете ја само алатката Ceran Scrapper доставена со уредот. Не користете други абразивни материјали како сунѓери со жица и сл.
      Препорачани садови за користење: се препорачува да користите садови со алуминиумски слој или од анодизиран нерѓосувачки челик. Бидете внимателни со садовите од емајл и челик или леано железо, бидејќи може да ја изгребат површината. Избегнувајте изложени алуминиумски или бакарни садови, бидејќи ваквите материјали може да остават микроскопски остатоци на површината, што подоцна ќе ви одземат повеќе време за чистење.
      Гребаници: за да спречите гребење на површината, најдобро е да ги кревате и спуштате садови наместо да ги лизгате по површината.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Кои се предностите на индукциските плотни во споредба со електричните плотни и плотните на плин?

      Индукциските плотни се најефикасни во поглед на времето за готвење и потрошувачката на струја во споредба со другите модели. Тие исто така се најбезбедни за користење доколку има деца во близина.
      Плотни на плин: плотните на плин се најкласичен тип плотни и не бараат користење на посебни садови. Но, плотните на плин имаат најмала енергетска ефикасност, бидејќи топлината од отворениот пламен не се апсорбира целосно од садовите, со што се добива доста неискористена енергија. Иако повеќето плотни на плин имаат функции што го спречуваат ова, тука е и дополнителната опасност од протекување гас, труење со јаглерод моноксид или изгореници. Овие причини се загрижувачки, особено во домови каде има мали деца. Плотните на плин исто така се потешки за чисење бидејќи имаат рабови и делови каде храната може да се заглави.
      Електрични плотни: електричните плотни се загреваат и ладат побавно од индукциските плотни и плотните на плин. Овие плотни имаат метални прстени под површината што се загреваат и таа топлина потоа се пренесува на садовите што ќе се постават одозгора. Со електричните плотни може да користат садови од каков било материјал, за разлика од индукциските плотни, но бавното загревање може да предизвика потешко контролирање на температурата.

      Подолу може да ги прочитате главните предности на индукциските плотни.
      Лесно чистење: иновативниот дизајн и модерниот финиш на индукциските плотни ги прават едни од најлесните уреди за чистење во домот. Индукциските плотни директно ја пренесуваат топлината до садовите поставени одозгора, додека самата површина речиси и да не се загрева. Бидејќи истурената храна не гори на површината, индукциските плотни се лесни за чситење и одржување.
      Безбедност: намалената температура на површината и немањето отворен оган го прават готвењето побезбедно и затоа индукциските плотни се особени популарни кај семејствата со мали деца. Beko индукциските плотни имаат дополнителни безбедносни функции како системот против протекување, кој автоматски ја исклучува плотната доколку течноста протече преку контролната табла. Beko индукциските плотни исто така автоматски се исклучуваат ако зоната за готвење е оставена вклучена подолг период без сад одозгора.
      Прилагодливи зони за готвење: иако не сите индукциски плотни ги имаат овие карактеристики, Beko IndyFlex® и IndyFlex+® индукциските плотни овозможуваат прилагодливи зони за готвење што може да се комбинираат според вашите потреби. Овие плотни имаат 8 независни грејачи што се управуваат преку софистицираниот екран и овозможуваат флексибилно одделување и индивидуално контролирање или спојување на сите во една единечна зона.
      Заштеда на време и струја: принципите на кои работат индукциските плотни ги прават едни од најенергетско ефикасни уреди во својата категорија. Бидејќи индукциските плотни директно ја пренесуваат топлината до садовите на површината, нема непотребно трошење енергија. Поради ова индукциските плотни овозможуваат најбрзо готвење и заштеда на време.
      Изглед: листата со предности за индукциските плотни нема да биде целосна доколку не го споменеме нивниот изглед. Индукциските плотни имаат елегантна површина од стакло и керамика што и дава одредена харизма на секоја кујна.

      Соодветни садови: единствената маана на индукциските плотни е што не може да се користат какви било садови. Бидејќи индукциските плотни генерираат топлина со помош на магнетски полиња, и садовите што се користат мора да бидат направени од магнетски материјали. Индуквиските плотни се дизајнирани за користење со железни садови или садови со железен слој и не е дозволено користење садови од други материјали како стакло, бакар или алуминиум. Ако не сте сигурни кои садови се направени од магнетски материјали, едноставно ставете магнет на долниот дел на садот и проверете дали магнетот ќе се залепи. Некои произведувачи ставаат симбол на долниот дел од садовите за да означат дека може да се користат со индукциски плотни.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да го исчистам мојот аспиратор?

      Никој не сака да допира аспиратор што не бил исчистен подолг период. Ќе биде поркиен со слоеви и слоеви маснотии. Како и за другите уреди, најдобар начин да го одржувате аспираторот чист е со редовно бришење. Убаво избришете ја надворешната и внатрешната страна на аспираторот по неколку користења, особено ако почесто ја пржите храната.
      Метален филтер: за да го исчистите аспираторот, осигурајте се дека е исклучен и извадете ги отстранлиците делови. Проверете во упатството каде се наоѓа филтерот и како да го извадите. Различните модели имаат различни типови филтри, некои од нив треба да се исчистат, а некои да се заменат. Ако вашиот аспиратор е поврзан со оџак, најверојатно користи метален филтер со мрежа што не се менува. Извадете го металниот филтер и ставете го во врела или зовриена вода со малку детергент или слично средство за маснотии. Оставете го да отстои малку за маснотиите да омекнат, а потоа исчистете го со сунѓер или мека четка. Оваа процедура треба да се изведува еднаш месечно.
      Јагленски филтри: ако имате аспиратор што не е поврзан со оџак, најверојатно користи јагленски филтер. Јагленските филтри треба редовно да се менуваат. Следете ги инструкциите во упатството за употреба како да го извадите и замените јагленскиот филтер. Се препорачува да го менувате филтерот на секои 6 месеци. Ако готвите многу и често ја пржите храната, може да треба и почесто менување на филтерот (на секои 3-4 месеци).
      Чистење на внатрешноста: откако ќе ги извадите филтрите, проверете дали во внатрешноста на аспираторот има некакви пречки. Ако аспираторот не бил чистен подолг период, правта и маснотиите може да навлегле низ филтрите и да се пробиле до вентилаторот на аспираторот. Осигурајте се дека нема вакви пречки и убаво избришете ги внатрешните ѕидови со влажна крпа. Може да користите неабразивни средства за чистење или детергент. Осигурајте се дека внатрешноста и металниот филтер се убаво исушени пред да го вклучите уредот.
      Чистење на надворешноста: повеќето аспиратори имаат површини од нерѓосувачки челик. Користете соодветни средства за чистење и избришете ги површините со влажна крпа или со меката страна на сунѓерче за садови. Не користете железни волна или другата страна од сунѓерчето за садови, бидејчи може да дојде до гребење на површината. Не заборавајте да ја избришете долната страна од аспираторот. Исушете со чиста крпа за да спречите појава на дамки од водата.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Дали мојот аспиратор има јагленски филтер. Ако има, колку често треба да го менувам?

      Не сите аспиратори имаат јагленски филтри. Ако вашиот аспиратор е поврзан со оџак, најверојатно користи метален филтер со мрежа што не треба да се менува. Ако имате аспиратор што не е поврзан со оџак, најверојатно користи јагленски филтер. Јагленските филтри треба редовно да се менуваат. Следете ги инструкциите во упатството за употреба како да го извадите и замените јагленскиот филтер. Се препорачува да го менувате филтерот на секои 6 месеци. Ако готвите многу и често ја пржите храната, може да треба и почесто менување на филтерот (на секои 3-4 месеци).

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Аспираторот не го вшмукува воздухот или капацитетот за вшмукување е намален. Што може да биде причината за проблемот и како да го решам?

      Ако сметате дека аспираторот не го вшмукува доволно воздухот, може да има проблем со капацитетот на аспираторот или положбата.
      Капацитет на аспираторот: капацитетот на аспираторот мора да биде пропорционален со големината на куната и големината на плотната. Осигурајте се дека имате точни мерки од кујната и плотната при купување на аспираторот. Пополнете го нашиот прашалник за купување уреди за да дознаете каков аспиратор ќе ви одговара најмногу.
      Поставување: за да добиете најдобри перформанси, апсираторот моеа да се постави на правилна висина над плотната. Ова може да варира во зависност од капацитетот на аспираторот и големината на кујната и плотната. За повеќето аспиратори се препорачува да се постават 65 см над плотната. Ако аспираторот се постави на поголема висина, перформансите може да се намалат.

      Ако сметате дека капацитетот за вшмукување се намалил со текот на времето, прво нешто што треба да го проверите се филтрите и поврзувањата за вентилацијата.
      Метални филтри: ако вашиот аспиратор е поврзан со оџак, најверојатно користи метален филтер со мрежа што не се менува, но треба редовно да се чисти. Доколку филтерот не се чисти редовно, маснотиите и правта може да се пробијат до вентилаторот на аспираторот или внатрешните ѕидови што ќе го попречи протокот на воздух. Проверете го упатството за употреба за инструкции како да пристапите до филтерот и како да го извадите. Извадете го металниот филтер и ставете го во врела или зовриена вода со малку детергент или слично средство за маснотии. Оставете го да отстои малку за маснотиите да омекнат, а потоа исчистете го со сунѓер или мека четка. Оваа процедура треба да се изведува еднаш месечно.
      Јагленски филтер: ако имате аспиратор што не е поврзан со оџак, најверојатно користи јагленски филтер. Јагленските филтри треба редовно да се менуваат. Следете ги инструкциите во упатството за употреба како да го извадите и замените јагленскиот филтер. Се препорачува да го менувате филтерот на секои 6 месеци. Ако готвите многу и често ја пржите храната, може да треба и почесто менување на филтерот (на секои 3-4 месеци).
      Внатрешност: откако ќе се осигурате дека филтрите во аспираторот добро работат, следната работа што треба да ја проверите е вентилацијата. Ако аспираторот не бил чистен подолг период, правта и маснотиите може да навлегле низ филтрите и да се пробиле до вентилаторот на аспираторот. Иако се случува ретка, аспираторот може да вшмукал некој сите предмет што го попречува протокот на воздух. За да се осигурате дека нема ваков проблем, извадете ги сите отстранливи делови на аспираторот и проверете ја внатрешноста. Додека проверувате, убаво избришете ги внатрешните ѕидови со влажна крпа. Може да користите неабразивни средства или детергент за садови. Осигурајте дека внатрешноста и металниот филтер се целосно суви пред да го вклучите уредот.
      Поврзување со оџак: протокот на воздух може да е попречен од предмети заглавени во цевката што се поврзува со оџакот или во самиот оџак. Во овој случај најдобро е да побарате помош од професионален техничар.
      Мотор: ако сè друго е во ред, може да има проблем со моторот на аспираторот. Најдобро е да повикате овластен сервисер да ги реши сите проблеми што се однесуваат на неотстранливите делови на аспираторот.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Рерната испушта чад додека работи. Дали ова е нормално?

      Не е невообичаено рерната да испушта мала количина чад додека работи. Подолу следуваат најчестите причини за ваквата појава.
      Остатоци од производствениот процес: некои делови од рерната може да имаат масло или заштитни остатоци од производствените процеси. Сосема е нормално рерната да испушта чад при првите вклучувања додека овие материјали не изгорат.
      Талози од маснотии: сосема е нормално маснотиите да капат на грејниот елемент додека храната се пече во рерната. Маснотиите од некои типови храна може да испарат и да се залепат за ѕидовите на рерната. При следното вклучување на рерната овие маснотии ќе изгорат, што ќе предизвика појава на чад и непријатен мирис.
      Остатоци од средства за чистење: друга честа причина за појавата на чад се остатоците од средствата за чистење на внатрешните површини.
      Чистење: најдобар начин да ја одржувате рерната во врна форма, без појава на чад, е со редовно чистење. Ако рерната не е исчистена подолг период, маснотиите и другите остатоци од храна ќе се наталожат во слоеви што подоцна ќе бидат многу потешки за чистење. Осигурајте се дека користите правилен тип на средства и при чистењето пребришете уште еднаш со влажна крпа за да избегнете остатоци од средството. Потоа убаво исушете ги површините. Вклучете ја рерната на висока температура околу половина час за да се изгорат сите остатоци од средствата за чистење.
      Пиролитичко чистење: многу Beko рерни се опремени со пиролитичката самочистечка програма што ја зголемува температурата во рерната до 500 степени и ги гори тврдокорните остатоци до пепел. Потоа треба само да ја избришете пепелта што се собира на долниот дел од рерната. Пиролитичкото чистење е ефективно на сите површини и делови на рерната, вклучувајќи ги полиците и предната врата и ја намалува потребата од користење средства за чистење.
      Каталитички панели: сите Beko рерни се опремени со каталитички панели на задниот дел и на страничните ѕидови. Овие панели ги апсорбираат маснотиите и ја елиминираат потребата од користење абразивни хемикалии за чистење.
      Ако чистењето не помага во решавање на проблемот, а чадот се зголемува, веднаш исклучете го уредот и побарајте помош од овластен сервисер.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Како да се осигурам дека аспираторот правилно го циркулира воздухот?

      Моќноста на аспираторот за вентилација на воздухот зависи од неговиот капацитет, големината на кујната, поставувањето и редовното одржување. Бирањето правилен модел на аспиратор е првиот чекор за осигурување оптимална вентилација на воздухот. Вториот чекор е редовното чистење на аспираторот.
      Капацитет на аспираторот: капацитетот на аспираторот мора да биде пропорционален со големината на куната и големината на плотната. Осигурајте се дека имате точни мерки од кујната и плотната при купување на аспираторот. Пополнете го нашиот прашалник за купување уреди за да дознаете каков аспиратор ќе ви одговара најмногу.
      Поставување: за да добиете најдобри перформанси, апсираторот моеа да се постави на правилна висина над плотната. Ова може да варира во зависност од капацитетот на аспираторот и големината на кујната и плотната. За повеќето аспиратори се препорачува да се постават 65 см над плотната. Ако аспираторот се постави на поголема висина, перформансите може да се намалат.
      Метални филтри: ако вашиот аспиратор е поврзан со оџак, најверојатно користи метален филтер со мрежа што не се менува, но треба редовно да се чисти. Доколку филтерот не се чисти редовно, маснотиите и правта може да се пробијат до вентилаторот на аспираторот или внатрешните ѕидови што ќе го попречи протокот на воздух. Проверете го упатството за употреба за инструкции како да пристапите до филтерот и како да го извадите. Извадете го металниот филтер и ставете го во врела или зовриена вода со малку детергент или слично средство за маснотии. Оставете го да отстои малку за маснотиите да омекнат, а потоа исчистете го со сунѓер или мека четка. Оваа процедура треба да се изведува еднаш месечно.
      Јагленски филтри: ако имате аспиратор што не е поврзан со оџак, најверојатно користи јагленски филтер. Јагленските филтри треба редовно да се менуваат. Следете ги инструкциите во упатството за употреба како да го извадите и замените јагленскиот филтер. Се препорачува да го менувате филтерот на секои 6 месеци. Ако готвите многу и често ја пржите храната, може да треба и почесто менување на филтерот (на секои 3-4 месеци).
      Внатрешност: откако ќе се осигурате дека филтрите во аспираторот добро работат, следната работа што треба да ја проверите е вентилацијата. Ако аспираторот не бил чистен подолг период, правта и маснотиите може да навлегле низ филтрите и да се пробиле до вентилаторот на аспираторот. Иако се случува ретка, аспираторот може да вшмукал некој сите предмет што го попречува протокот на воздух. За да се осигурате дека нема ваков проблем, извадете ги сите отстранливи делови на аспираторот и проверете ја внатрешноста. Додека проверувате, убаво избришете ги внатрешните ѕидови со влажна крпа. Може да користите неабразивни средства или детергент за садови. Осигурајте дека внатрешноста и металниот филтер се целосно суви пред да го вклучите уредот.
      Поврзување со оџак: протокот на воздух може да е попречен од предмети заглавени во цевката што се поврзува со оџакот или во самиот оџак. Во овој случај најдобро е да побарате помош од професионален техничар.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Кои се предностите на електричите рерни?

      Електричните рерни се пофункционални и полесни за чистење и користење во споредба со рерните на плин. Електричните рерни нудат различни функции за готвење и чистење и се побезбедни за користење отколку рерните на плин.
      Пиролитичко чистење: многу Beko рерни се опремени со пиролитичката самочистечка програма што ја зголемува температурата во рерната до 500 степени и ги гори тврдокорните остатоци до пепел. Потоа треба само да ја избришете пепелта што се собира на долниот дел од рерната. Пиролитичкото чистење е ефективно на сите површини и делови на рерната, вклучувајќи ги полиците и предната врата и ја намалува потребата од користење средства за чистење.
      Каталитички панели: сите Beko рерни се опремени со каталитички панели на задниот дел и на страничните ѕидови. Овие панели ги апсорбираат маснотиите и ја елиминираат потребата од користење абразивни хемикалии за чистење.
      Попрецизно готвење: бидејќи температурата електронски се подесува, електрични рерни овозможуваат попрецизна контрола на температурата. Електричните рерни може да постигнат и да одржуваат повисоки температури и овозможуваат попрецизно готвење, бидејќи можат подобро да ја регулираат температурата во внатрешноста. Треба да имате предвид дека електричните рерни се вообичарно помали во споредба со слични рерни на плин, поради дебелата изолација на ѕидовите.
      Surf® технологија: многу Beko рерни се опремени со Surf® технологијата за готвење, што овозможува подеднаква температура низ целата рерна. Воздухот се испушта на секое ниво на рерната преку дупките на страничните ѕидови и вентилаторот, со што се добиваат професионални резултати при секое користење.
      Напредни опции за готвење: електричните рерни нудат различни подесувања и програми што не се достапни кај рерните на плин, како одмрзнување, загревање, поделено или бавно готвење.
      Split & Cook®: многу Beko електрични рерни се опремени со Split & Cook® технологијата што ви овозможѕва да ги користите горната и долната полица индивидуално. Со оваа технологија може да подесите две различни температури и времиња за готвење за двете полици без да дојде до мешање на вкусовите и мирисите.
      Турбо функција: многу Beko електрични рерни се опремени со турбо функција за загревање што значително го намалува времето за готвење.
      Безбедност: иако повеќето современи рерни на плин имаат различни безбедносни функции, сè уште се смета дека електричните рерни се побезбедни за користење.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Што е разликата меѓу пиролитичко чистење и каталитички панели?

      Каталитичките панели се физички делови во внатрешноста на рерната, додека пиролитичкото чистење е специјална самочистечка програма што е достапна само кај одредени модели.
      Каталитички панели: панелите се поставени на ѕидовите на рерната и ги апсорбираат маснотиите и остатоците од храна при готвењето. На овој начин не само што се олеснува чистењето, туку и се намалуваат мирисите во рерната. Но, каталитичките панели се ефективни само на некои делови од рерната. На пример, полиците и предната врата не се заштитени од овие панели. Исто така, маснотиите и остатоците од храна формираат слоеви на овие панели и треба повремено да се исчистат, а по одреден период и да се заменат. Во секој случај, каталитичките панели помагаат да се намали времето потребно за чистење.
      Пиролитичко чистење: пиролитичкото чистење е поефективна технологија за самочистење. Оваа програма ја зголемува температурата во рерната до 500 степени и ги гори тврдокорните остатоци до пепел. Потоа треба само да ја избришете пепелта што се собира на долниот дел од рерната. Пиролитичкото чистење е ефективно на сите површини и делови на рерната, вклучувајќи ги полиците и предната врата и ја намалува потребата од користење средства за чистење. Пиролитичкото чистење е доста ефективно, но бидејќи се работи за одделен процес од готвењето, троши дополнително струја.
      Еко пиролитичко чистење: многу Beko рерни се опремени со оваа функција што ги намалува времето и потрошувачката на струја што се потребни за оваа програма.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Плотната на плин не се вклучува. Што може да биде причина за проблемот и како да го решам?

      Постојат повеќе причини зошто плотната на плин не се вклучува. Подолу се наведени едни од најчестите.
      Елекрично поврзување: најчестата причина зошто плотната на плин не се вклучува е недоволниот доток на струја. Ако го притиснете копчето за вклучување, но не го слушате вообичаеното кликање, тогаш најверојатно тоа е проблемот. Прво нешто што треба да направите е да го проверите електричното поврзување на плотната. Ако поврзувањето е прекинато, направете ги потребните подесувања.
      Проблеми со дотокот на плин: ако кликањето се слуша, но ринглите не се вклучуваат, најверојатно има проблем со дотокот на плин. Проверете го поврзувањето со плин.
      Млазниците за плин се затнати или мокри: плотната на плин може да не се вклучува доколку млазниците се затнати од остатоци од храна или нечистотии. Млазниците исто така нема да работат доколку се оставени мокри по чистењето. Осигурајте се дека целата површина на плотната е темелно исушена по чистењето.
      Млазниците се свиткани или скршени: плотната може да не се вклучува доколку млазниците се свиткатни или скршени од удар со тешки тави или тенџериња. Проверете ја состојбата на сите млазници на плотната за да се осигурате дека се во ред. Ако се сомневате дека млазниците се оштетени, побарајте помош од овластен сервисер. Ако сите овие мерки се неуспешни, може да има технички проблем со плотната. Во овој случај, контактирајте го овластениот сервис.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Пламенот на плотната на плин трепери, се гаси или не е еднаков. Што може да бдие причина за проблемот и како да го решам?

      Постојат повеќе причини зошто пламенот на плотната на плин е нееднаков или трепери. За среќа овие проблеми лесно се решаваат.
      Отворите на ринглите се затнати или мокри: отворите од кои се испушта плинот може да се затнати од истурена храна или да се мокри од чистењето. Ќе знаете дека се работи за овој проблем доколку пламенот околу ринглата е нееднаков. Исклучете ја плотната почекајте капачињата на ринглите да се изладат. Откако ќе се изладат, исчистете ги отворите со игла. Внимавајте да не ги оштетите отворите за време на оваа процедура.
      Поставување: друга причина што треба да ја земете предвид кога пламенот трепери или не гори континуирано е постаувањето на капачиеата на ринглите. Проверете дали капачињата се правилно поставени. Некои модли имаат капачиња што одговараат само на одредени рингли. Осигурајте се дека капачињата се поставени на соодветните рингли. Ако се постават убаво, капачињата ќе можат само малку да се придвижат од страните.
      Циркулација на воздухот: пламенот може да трепери бидејќи плотната е поставена на место во кујната каде иам природен проток на воздух. Осигурајте се дека плотната не е изложена на ветер и нагли промени на протокот на воздух во кујната.
      Притисок на плинот: плотните на плин се разликуваа според напојувањето за плин што го користат. Плотните што работат со природен гас се разликуваат од тие што се поврзани со боци, бидејќи работат со различен притисок. Проблемите настануваат кога плотната што е дизајнирана да работи со природен гас е поврзана со боца. Осигурајте се дека користите правилно напојување според вашата плотна за да избегнете треперење на пламенот или нагло вклучување.
      Ако проблемот сè уште постои, контактирајте го овластениот сервис.

      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каде може да го најдам серискиот број на мојот аспиратор?

      Секој Beko аспиратор има уникатен сериски број што може да го најдете од внатрешната страна.


      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каде можам да го најдам сериоскиот број на мојата рерна?

      Секоја Beko рерна има уникатен сериски број што се наоѓа на внатрешната рамка на уредот, во близина на долниот дел.


      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот

    • Каде можам да го најдам серискиот број на мојата плотна?

      Секоја Beko плотна има уникатен сериск број што се наоѓа на долниот дел од уредот.


      Дали ова беше корисно?ДаНеБлагодариме за одговорот