ЗатвориПолитика за „колачиња“ и приватност

Оваа веб-страна користи „колачиња“. За да дознаете повеќе, кликнете тука. За да ја отстраните оваа порака и да се согласите со користењето на „колачињата“ кликнете „Х“.

Сподели:
Рерни
Паметни решенија кај рерните на Beko што ќе ви го олеснат животот

image-2
Паметни решенија на Beko што ќе ви го олеснат животот

image-3
Широко распространето внатрешно осветлување на рерната
Ви овозможува да го гледате јадењето додека се готви без да се отвора вратата на рерната.

image-4
Долна фиока за складирање
Фиоката со голема зафатнина каде може да ги чувате додатоците за рерната што не се користат често ви овозможува заштеда во кујната во однос на искористеност на просторот.

image-5
Вок горилник
Ви овозможува посилно загревање благодарение на структурата со двоен прстен. Така, храната што треба да се зготви на повисока температура, ќе се зготви побргу како што сакате.

image-6
Технологија на динамичен проток при готвењето

Кај системот за динамичен проток, покрај горниот, долниот и задниот елемент со грејач, врел воздух излегува и од отворите на страничните ѕидови и циркулира над храната што треба да се зготви и под решетките. Се апсорбира во отворите на задниот ѕид.

Така, секој дел од храната се готви рамномерно и совршено. Врелиот воздух што треба да циркулира врз јадењето на одредена решетка во рерната, се задржува само кај таа решетка. Затоа, миризбата од јадењето што се готви на долната решетка нема да се измеша со миризбата од јадењето на горната решетка.

Панелите за динамичен проток може лесно да се извадат и измијат. Така, нема да се појави проблем со затнати отвори со текот на времето. Најголемата предност на динамичниот проток е рамномерно готвење/печење на секој дел на храната.


image-7
Голем внатрешен капацитет
Без оглед колку е големо семејството или колку гости имате, рерните на Beko може да зготват големи количини на храна со нивниот многу поширок внатрешен капацитет. Имаат еден од најпросторните внатрешни волумени без оглед на стандардните димензии на надворешната површина.

image-8
Семејна тава
Благодарение на широкиот внатрешен капацитет, рерните на Beko може да зготват 25% повеќе храна едновремено со големиот простор во тавата. Понатаму, тавата со длабочина од 55 мм ви овозможува голема предност кога готвите сочни јадења или месо.

image-9
Безбедносен систем на шпоретот на плин
Ако пламенот се изгасне заради ветер или течност што се прелеала од тавата, плинскиот безбедносен систем ќе се активира и автоматски ќе го исклучи доводот на плин за ваша безбедност.

image-10
Лесно чистење
Благодарение на целосно стаклената декоративна внатрешна врата, чистењето сега е многу лесно. Одредени модели каде стаклената внатрешна врата може да се извади, овозможуваат темелно чистење.


Одлика за електрично турбо
Рерните што ја имаат оваа одлика каде се активира и турбо вентилаторот заедно со долниот и горниот грејач, овозможува побрзо и рамномерно готвење од двете страни на храната. Грејачите со вентилатор може да се вклучуваат заедно или засебно за да се спроведе готвењето во 7 различни комбинации. Така се постигнува повкусно зготвена храна за многу видови јадења.

Одлика за турбо
Оваа одлика овозможува готвење на три тави со јадења истовремено без да им се измешаат миризбите. Така се штедат и струја и време. Воздухот, што се загрева преку турбо отпорниците, се циркулира меѓу тавите со помош на турбо вентилаторот за да се зготви секое јадење грижливо. Честичките од масло што ја предизвикуваат миризбата во текот на готвењето се претопуваат во воздухот што циркулира и се лепат за грејачот од задната страна каде согоруваат. Затоа миризбите од различните јадења не се мешаат меѓу себе.

Статична одлика
Горниот и долниот грејач се вклучуваат истовремено за да се овозможи рамномерно готвење од двете страни.

Одлика за двоен оддел
Кај рерната со два оддела, горниот оддел има статична одлика, додека поголемиот долен оддел има турбо одлика. Доколку е потребно, може да заштедите во време ако готвите и во горниот и во долниот оддел или може да готвите во само еден оддел.

Повеќефункционална одлика
Ги комбинира одликите за турбо, електро турбо и статичното готвење. Одликите за три различни рерни во една иста рерна ви овозможуваат готвење на многу вкусни јадење согласно со видот на јадењето. Благодарение на функцијата за супер турбо кај повеќефункционалните производи, горниот и долниот грејач се активираат истовремено со турбо грејачот на задниот ѕид на одделот. Така рерната нуди подобри резултати од готвењето отколку конвенционалниот процес на готвење со турбо вентилаторот.

Одлика за грил со затворена врата
Преку печењето на грил со затворена врата се избегнуваат миризбите и прскање масло. Исто така, месото испечено на грил ќе биде помеко и посочно.

Одлика за одмрзнување
Идеално за одмрзнување храна за да се подготви за готвење.

Одлика за брзо загревање (поттикнувач)
Сите грејачи се активираат истовремено со оваа функција и саканата температура за готвење се постигнува за пократко време. Така се штеди 35% од времето што е потребно за претходно загревање.


image-19
3-димензионално готвење (3Д)
Готвењето во 3Д ви овозможува истовремено активирање на сите грејачи во рерната. Тогаш, јадењата се готват многу бргу и ефикасно. Еднаквата распределба на топлината се обезбедува со истовремено активирање на сите грејачи и на каналите за воздух зад секој држач на тава каде се задржуваат честичките на миризбата за да се спречи мешање на миризбите од јадењата. Готвењето во 3Д овозможува штедење и на струја и на време и истовремено овозможува готвење на различни јадења во три тави истовремено без да им се мешаат миризбите меѓу себе.

image-20
Статично готвење
Долните и горните грејачи нудат можност за традиционално готвење на тесто како што се торта, пити и колачи.

image-21
Грил
Идеален е за брзо печење на грил. Благодарение на оваа функција, ќе подготвите крцкава храна со пржење на само горната кора.

image-22
Одмрзнување - ладење
Грејачите не работат при одмрзнувањето. Работи само вентилаторот за да го врти воздухот низ рерната. Така, смрзнатите производи се одмрзнуваат на собна температура. И зготвената храна може да се одмрзне со истиот метод.

image-23
Горен грејач - вентилатор
горниот грејач и вентилаторот работат истовремено. Со тоа се овозможува еднаква распределба на топлината во рерната, но се пече и горната страна на храната.

image-24
Готвење со вентилатор (турбо)
Топлината рамномерно се распределува во рерната. Така може да се зготват три различни јадења на исто ниво на готвење.

image-25
Печење потпомогнато со вентилатор (статично + вентилатор)
Топлината што се генерира со долните и горните грејачи се распределува рамномерно во рерната со помош на вентилаторот. Така се овозможува рамномерно готвење на храната за пократко време.

image-26
Долен грејач - вентилатор
Долниот грејач и вентилаторот работат истовремено. Со тоа се овозможува еднаква распределба на топлината во рерната, но се пече и долната страна на храната.